Достапни линкови

logo-print

ЗНМ-Насилството против новинарите е неприфатливо


Macedonia- logo ZNM

Macedonia- logo ZNM

Од Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осудија насилството врз новинарите од полицијата и од насилните демонстранти во Скопје. Насилството против новинарите е неприфатливо, како што наведуваат од ЗНМ и тоа претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес. Од здружението порачуваат дека поразително е за македонската демократија кога полицијата тепа новинари на протести наместо да им обезбеди услови за непречена работа.

Според ЗНМ, да се истура граѓанското незадоволство на протести врз новинарите е чин на кукавичлук и примитивизам. Тие бараат од МВР, обвинителството и судовите да ги открие и казнува насилниците. Од ЗНМ нагласуваат и дека ако брзо не се расветлат нападите во јавноста ќе се создаде сомнеж дека институциите свесно толерираат насилно против новинари.

XS
SM
MD
LG