Достапни линкови

Камерон останува на власт во Британија


Камерон останува на власт во Британија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Камерон останува на власт во Британија

Британската Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон е на пат да остане на власт и во наредните пет години по изненадувачки добрите резултати на вчерашните избори. Излезните анкети предвидуваат дека Конзервативната партија добила мнозинство од 650 места во Долниот дом на Парламентот.

Тоа на британскиот премиер Камерон му дава неколку можности да формира влада во која ќе бидат вклучени и сегашните партнери Либералдемократите.

Победата на Камерон значи дека Британија ќе се соочи и со историски референдум до крајот на 2017 година за тоа дали земјата да остане во Европската унија или не.

Тој оценувајќи дека неговата партија имала, како што рече, „многу силна ноќ“, изрази надеж дека во наредните денови ќе формира влада.

„Ова е јасно многу силна ноќ за Конзервативната партија и мојата цел останува едноставна да владеам врз основа на владеење за сите.“, изјави тој во говорот откако беше соопштено дека победил во Оксфордшир.

Според експертите, Дејвид Камерон ќе биде првиот премиер, од Маргарет Тачер во 1983 година, кој успеал да ги задржи пратеничките места.

Иако предизборните анкети предвидуваа тесна трка со опозициската Лабуристичка партија сепак тоа не испадна така.

Ова е јасно многу силна ноќ за Конзервативната партија и мојата цел останува едноставна да владеам врз основа на владеење за сите.
Дејвид Камерон, премиер на Британија.

Лидерот на Лабуристите Ед Милибанд по неговата победа во Донкастер, го призна поразот изразувајќи длабоко жалење од изборните резултати.

„Ова јасно беше многу разочарувачка ноќ за Лабуристичката партија“, наведе Милибанд, додавајќи дека особено жали за поразот во Шкотска поради, како што рече, порастот на шкотскиот национализам.

Лабуристите долго време доминираа со политиката во Шкотска. Шкотската национална партија ги освои скоро сите 59 места предвидени за Шкотска во Долниот дом.

„Гледаме изборно цунами од џиновски размери“, оцени поранешниот лидер на Шкотската национална партија Алекс Салмонд.

Овој голем успех за оваа мала партија која е популарна главно кај младите гласачи, ги зголемува стравувањата оти Шкотска ќе организира уште еден референдум за независност. Во минатата година таквиот референдум за малку не беше успешен.

Одѕивот на околу 50 милиони граѓани со право на глас беше над 70 отсто, додека во Шкотска тој изнесуваше 75 проценти.

Губење на голем број местата во парламентот доживеа и Либерал демократската партија која во изминативе пет години беше на власт со Конзервативците на Камерон.

Тоа, според експертите, било поради тоа што ја изгубиле поддршката од гласачите кои главно се свртиле кон партиите како Партијата за независност на Велика Британија кои се за итно излегување на земјата од Европската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG