Достапни линкови

logo-print

САД тренираат сириски борци против ИД


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека американски војници почнале да тренираат сириски борци против милитантите на Исламската држава. Станува збор за 90 сириски борци чиј тренинг се одвива во Јордан и Турција. Администрацијата на претседателот Барак Обама прецизира дека тренинг програмата е со насочена само против милитантите на Исламската држава со оглед на тоа што Соединетите држави не се во војна со Сирија.

XS
SM
MD
LG