Достапни линкови

Сенатот на САД за ревизија на нуклеарниот договор со Иран


Американскиот Сенат усвои закон со кој му се овозможува на Конгресот да изврши ревизија и да го отфрли евентуалниот меѓународен договор со Иран околу контроверзната нуклеарна програма на таа земја. Овој закон во идната недела ќе се најде на гласање во Претставничкиот дом на Конгресот, по што тој треба да биде потпишан од претседателот Барак Обама. Доколку биде постигнат договор со Иран, тогаш Конгресот ќе има на располагање 30 дена за да го усвои или да го отфрли. Техеран е против ваквиот закон наведувајќи дека за постигнување траен нуклеарен договор преговара со шесте светски сили, а не со американските законодавци.

XS
SM
MD
LG