Достапни линкови

Штајнмаер: Русија и НАТО ги обновуваат воените контакти


Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Русија и НАТО напредуваат во обновувањето на воените контакти кои беа прекинати поради кризата во Украина. „По минатогодишната состојба, сега сме во процес на повторно воспоставување на меѓусебна информираност“, изјави тој на прес конференцијата што заедно со неговиот руски колега Сергеј Лавров ја одржа во Волгоград. Штајнмаер таму присуствуваше на одбележувањето на 70 годишнината од завршувањето на Втората светска војна. Тој и Лавров положија венци на споменикот на советските војници загинати во битката за овој град кој порано се викаше Сталинград.

XS
SM
MD
LG