Достапни линкови

Собранието трета среќа за демонстрантите


Откако на демонстрантите кои протестираат против полициска бруталност, полицијата не им се дозволи да дојдат до Јавното обвинителство, тие се упатија кон Собранието на Македонија. Полицискиот кордон кој беше поставен пред зградата на Државниот архив не им дозволи на демонстрантите да протестираат пред ЈО. Демонстрантите велат дека на ваков начин им се нарушува членот 21 од Уставот на Македонија. Полицијата не им дозволи да протестираат ниту пред Владата. И вчера на почеток на протестите полицијата ги блокира сите пристапи до владата и не им дозволи на демонстрантите воопшто да се приближат до владината зграда, по што тие вчера се упатија пред Собрание.

XS
SM
MD
LG