Достапни линкови

logo-print

Не може да се протестира ниту пред Јавното обвинителство


На демонстрантите не им се дозволува да дојдат до Јавното обвинителство. Полицискиот кордон е поставен пред зградата на Државниот архив и демонстрантите се на кејот од Вардар. Тие велат дека на ваков начин им се нарушува членот 21 од уставот на Македонија. Претходно полицијата не им дозволи да протестираат ниту пред Владата. На чело на колоната која се упати кон Обвинителството беше братот на Мартин, Александар Нешкоски. Демонстрантите им довикуваат на полицајците - Како ќе не погледнете утре во очи, кога вашите налогодавачи ќе завршат во затвор? Им викаат и „Дојдете со нас“ и „Ние ве плаќаме“, а ги понудија и со бомбони. И вчера на почеток на протестите полицијата ги блокира сите пристапи до владата и не им дозволи на демонстрантите воопшто да се приближат до владината зграда, по што тие вчера се упатија пред Собрание.

XS
SM
MD
LG