Достапни линкови

Втор ден забрана за протест пред Влада


Трет ден демонстранти протестираат против полициска бруталност. И денеска, како вчера на почеток на протестите полицијата ги блокира сите пристапи до владата и не им дозволува на стотината демонстрантите воопшто да се приближат до владината зграда. Демонстрантите велат дека на ваков начин им се ускратува правото на протест, кое е уставно загарантирано. Тие бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. Откако вчера не успеаа во својот обид да протестираат пред Влада, тие се упатија кон Собрание и таму го изразија својот револт.

XS
SM
MD
LG