Достапни линкови

logo-print

Средношколците повторно протестираа пред МОН


Средношколците и денеска протестираа пред зградата на Министерството за образование и наука. Тие извикуваа „Доста беше молк“, „Сега ќе не слушнете“ и „Нема да си одиме“. Поддршка имаа од родители и наставници. Средношколците воедно кампуваат во Паркот на новинарите спроти објектот на МОН. Тие бараат да се врати стариот концепт на матура и измени во екстерното тестирање. Средношколците најавија дека не се откажуваат од нивните барања и дека утре повторно ќе протестираат.

XS
SM
MD
LG