Достапни линкови

СДСМ бара нова истрага за загинувањето на Никола Младенов


СДСМ бара нова истрага за загинувањето на Никола Младенов
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:49 0:00

СДСМ бара нова истрага за загинувањето на Никола Младенов

Во еден од нелегално снимените телефонски разговори што ги објави Заев се слуша дека на автомобилот на Младенов има траги од друго возило, но оти не е расветлено дали потекнуваат од постар судир или токму од денот на несреќата.

Клучни информации од истражната постапка за загинувањето на Никола Младенов биле прикривани од јавноста, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој на денешната прес-конференција објави прислушувани разговори на политичари од власта за кои вели дека се доказ оти случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела истрагата непрофесионално и неодговорно.

Тој понуди десет причини поради кои треба повторна истрага за загинувањето на новинарот пред две години, набројувајќи ги меѓу другите, како што рече, мистериозното исчезнување или ненаоѓање на телефонот на Младенов, назначувањето на неискусниот истражен судија, трагите од боја на задниот дел од автомобилот. Во еден од телефонските разговори за кои рече дека бил меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер, се слуша како се разговара дека го лоцирале по сигналот од телефонот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00
Директен линк

Женски глас: Посебно таков човек. И жена му за волја на вистината, одма дојде во полициска станица, пополни тоа све што треба и практично после тоа, немаше ни два саати ние кога го најдовме кај е.

Машки глас: Мхм.

Женски глас: По сигналот на телефонот.

Машки глас: Мхм, мхм.

Женски глас: Еве ќе видам сабајле ќе ти кажам, ако нешто, мислам ќе ти кажам да знаеш прво кои се причините, ќе прашаме у судска медицина, па да процениме дали...“

Во друг телефонски разговор, пак, меѓу, како што рече Заев, Јанкулоска и нејзиниот помошник Иво Котевски, се слуша како се споменува дека била пронајдена и боја на автомобилот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:11:20 0:00
Директен линк

„Машки глас: Да, после ќе ве информира истражниот инаку чисто заради нас, има таму некаква боја кај задњата врата, јас спомнав тоа и вчера. Ушлинковски денеска ми кажува, вика не знаеме, ниту може да кажеме колку е стара, многу е мал ударот, значи ако е воопшто и удар, се цивнале, ама прашање е дали е од тогаш или е од претходно. Е сеа, тоа може да напраи миљон забуни после тоа, не дај боже информација да излезе, си ебавме мајката иди после докажувај се ти.

Женски глас: Не, ние нема шо да коментираме содржината, за нас е битно дали сме завршиле или не сме завршиле со вештачењето, толку е од нас.

Машки глас: Тоа е, ако, ако, ако прашуваат да исто за на лице место, како одел, што одел, во увидот дека ние сме постапувале и сме работеле...“

Заев презентираше и СМС порака која тврди дека била испратена од Јанкулоска до премиерот Груевски во која пишува „има една незгодна работа на колата има малку боја од друга кола“.

Тој објави и Записник на Министерството за внатрешни работи од 11 април 2013 година, од извршениот увид на местото на настанот каде што се случила сообраќајната несреќа од кој рече дека произлегуваат нелогичности. Меѓу другото спомена дека има нелогичности поврзани со насоката на движење и ударот во заштитната ограда со предниот дел на возилото, дека не се најдени траги од крв на предното ветробранско стакло и стаклото на левата предна врата, а и на облеката на Младенов не се најдени траги од стакло. Заев додаде и дека според извештајот, неговото тело било пронајдено на дури 22,5 метри од возилото за разлика од споменати седум метри на прес- конференција на надлежните по сообраќајката.

Заев спомена и дека еден од најприслушуваните во земјава бил Младенов и дека поседувале повеќе од 10 илјади разговори на новинарот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:44 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:22 0:00
Директен линк

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев повика протестите кои почнаа по објавувањето на материјалите поврзани со загинувањето на Мартин Нешкоски да бидат мирни.

„Според она што ние го имаме како информација и според она што го зборуваат луѓето, на протестите влегуваат провокатори и провоцираат насилство. Но тие треба да се свесни дека тоа се евидентира, нема бегање од тоа, на крајот ќе треба да одговараат, зашто тие се виновни за насилството. Апелирам, замолувам за мирни и ненасилни протести и се гордеам со младите луѓе што протестираат. Ние се бориме за поинаква Македонија, за Македонија без насилство кое ние го поминуваме овие девет години“, рече Заев.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш излезе со реакција дека поддржува нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов. Во владејачката партија немаат никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, „но поради потребата од целосната доверба во постапките и институциите, поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела претставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти...“

„Се заблагодаруваме на прес-конференцијата, затоа што дури и со вакви монтирани и сечени материјали, конечно се негираат сите шпекулации, дезинформации и лаги кои, јавно или полујавно, луѓе од СДСМ или нивни приврзаници ги ширеа дека власта учествувала, во каква било смисла, во трагичната несреќа во која загина Никола Младенов“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната нова „бомба“ на СДСМ, во која беа објавени наводни разговори меѓу припадници на власта по трагичната смрт на сопственикот на „Фокус“.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG