Достапни линкови

Тела на двајца руски дипломати пронајдени во Непал


Земјотресот во Непал

Телата на двајца руски дипломати кои исчезнаа во Непал за време на земјотресот кој ја погоди земјата минатиот месец биле пронајдени во близина на границата со Кина. Дипломатите биле вработени во руската амбасада во Пакистан се наоѓале во планинскиот регион на Непал кога се случи земјотресот во кој загинаа над 8000 луѓе. Руската амбасада соопшти дека тие биле во туристичка посета на Непал и се наоѓале во националниот парк Лангтанг кога го загубиле животот.

XS
SM
MD
LG