Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ поддржува нова истрага за Младенов


Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека се заблагодаруваат на денешната прес-конференција на СДСМ, затоа што, како што наведуваат во реакцијата, дури и со вакви монтирани и сечени материјали конечно се негираат сите шпекулации, дезинформации и лаги кои што јавно или полу јавно луѓе од СДСМ или нивни приврзаници ги ширеа дека власта учествувала во било каква смисла во трагичната несреќа во која загина Никола Младенов.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ги поддржуваат надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов. Од партијата потсетуваат дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со трагичниот настан и врз основа на тие теории градеа позиции за политичка корист за себе и својата партија. Две години ги обвинувале, како што велат од ВМРО ДПМНЕ а денес сами докажале дека лажеле и користеле смрт на човек за политички цели.

XS
SM
MD
LG