Достапни линкови

Политичката криза може да ја загрози туристичката сезона


Туристичките работници велат дека сето ова што се случува може да влијае негативно врз интересот на странските гости, а не ја исклучуваат можноста да дојде и до откажување на некои од аранжманите.

Актуелната политичка ситуација во Македонија и последните случувањата во селото Гошинце може сериозно да се одразат на туристичката сезона која почнува за речиси еден месец, оценуваат туристичките работници од Струга. Според нив, сето ова што се случува може да влијае негативно врз интересот на странските гости, а не ја исклучуваат можноста да дојде и до откажување на некои од аранжманите.

Ова што се случува има многу влијание, бидејќи туристите не сакаат да одат на места каде има кризи и вакви терористички групи. За нас тоа е многу негативно. Ова за туризмот пред сè е многу негативно.
Руфи Ајаза, сопственик на Хотелот Ројал во Струга.

„Ова што се случува има многу влијание, бидејќи туристите не сакаат да одат на места каде има кризи и вакви терористички групи. За нас тоа е многу негативно. Ова за туризмот пред сè е многу негативно“, вели Руфи Ајаза, сопственик на Хотелот Ројал во Струга.

РСЕ: Дали треба да се направи промоција во странство да се каже дека Македонија е безбедна, дека туристите не треба да се плашат?

„Тоа може само да го прави Владата, а Владата моментално не функционира и е во криза. Тоа ќе нè оштети нас во туризмот“, вели тој.

Да се надеваме дека пред летната сезона ќе дојде до некоја разрешница, инаку ако продолжи така, сето тоа ќе влијае врз развојот на туризмот и ќе се одрази.
Науме Угреновиќ, сопственик на хотелот Монтенегро.

Науме Угреновиќ, сопственик на хотелот Монтенегро, вели дека мора да има разрешница на кризата.

„Да се надеваме дека пред летната сезона ќе дојде до некоја разрешница, инаку ако продолжи така, сето тоа ќе влијае врз развојот на туризмот и ќе се одрази, што е нормална ситуација, а последиците ќе бидат лоши по нас и воопшто како угостители и хотелиери“, вели Угреновиќ.

Тој посочува дека ако нема позитивни промени, тогаш не може да се очекува ниту позитивна туристичка сезона.

„Тука е и факторот време. Ако има топли денови ќе има туристи, меѓутоа политичката нестабилност се одразува воопшто на економијата, не само на туризмот. Ќе дојде до откажување на аранжманите и нема лутење на агенциите што откажале, а ние мора да излеземе во пресрет“, рече Угреновиќ.

И градоначалникот на Струга Зијадин Села вели дека секоја нестабилност доведува до тоа туристите да се прашуваат дали да одат или не некаде.

XS
SM
MD
LG