Достапни линкови

Хан-Србија годинава ќе го отвори преговарачкиот процес


Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска изразил уверување дека доколку се продолжи со спроведувањето на договореното, Србија ќе ги отвори преговарачките поглавја во текот на оваа година. Според него, претходното искуство во процесот на проширување покажало дека новите членки на ЕУ треба од прв ден да бидат членки со полн капацитет и дека заради тоа отворањето на поглавјата претставува најдобар начин да се направи напредок во процесот на подготовка за членство. Тој и порачува дека е важно на граѓаните да им се презентира конкретната корист што Србија ќе ја добие од членството, бидејќи станува збор за сеопфатен процес, многу поширок од преговорите.

XS
SM
MD
LG