Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска: Денови на искушенија


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска честитајќи им го 7 Мај - Денот на полицијата, на вработените во МВР, им се заблагодари за нивната пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност на работата.

Граѓаните очекуваат да го браните правото, слободно и демократски секој да го изрази своето мислење. Сепак, граѓаните очекуваат професионално и одлучно да реагирате на секој обид да се наруши спокојноста и мирот и да завладее хаос. На секое насилството и вонинституционално узурпирање на вољата на граѓаните мора соодветно да се одговори, истакнува, меѓу другото, Јанкулоска.

Според министерката Јанкулоска, Република Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа, вели, од Вас се очекува да бидете на висина на задачата.

Таа во честитката истакнува дека пред МВР претстојат денови во кои, како што вели, креаторите на кризи, дестабилизација и анархија повторно ќе ја стават на тест подготвеноста, професионализмот и храброста на полицијата.

- На овие предизвици потребно е да се одговори на истиот начин како и до сега – смирено и достоинствено, но исто така и одлучно, бескомпромисно и пожртвувано.

Во овие денови на искушенија, Вие со Вашето дело испишувате светли страници во современата македонска историја, дело на кое граѓаните Ви се благодарни и кое ќе го паметат а идните генерации ќе знаат да го вреднуваат и споменуваат, стои во честитката од министерката Гордана Јанкулоска по повод одбележувањето на Денот на полицијата.

XS
SM
MD
LG