Достапни линкови

Градоначалникот на Сребреница ја обвини полицијата за репресија


Ќамил Дураковиќ

Ќамил Дураковиќ

Градоначалникот на Сребреница, Ќамил Дураковиќ ги обвини босанско српските власти дека користат изговори за истрагата на исламските екстремисти за да малтретираат муслимани кои се вратиле во градот по војната во земјата во деведесетите години. Дураковиќ, кој е муслимански бошњак изјави и дека српската полиција ги претресувала домовите на бегалците и апсела луѓе без објаснување. Босанската полиција вчера изврши истрага на неколку локации и притвори околу 30 лица, меѓу кои и две лица од Сребреница, кои се осомничени дека се поврзани со исламски екстремисти.

XS
SM
MD
LG