Достапни линкови

ИД со нови напади на најголемата ирачка рафинерија


Милитантите на Исламската држава започнаа нови напади против владините сили кои ја бранат најголемата ирачка рафинерија за нафта. Ирачките власти соопштија дека владините сили се соочуваат со најтешката битка откако милитантите ја нападнаа рафинеријата во Баиџи, која се наоѓа на 200 километри оддалеченост од Багдад. Според нив, милитантите успеале да влезат во рафинеријата. Соединетите држави почнале да вршат воздушни напади, а зачувувањето на Баиџи и рафинеријата претставуваат важни чекори за евентуалната офанзива за враќање на контролата врз стратегискиот град Мосул.

XS
SM
MD
LG