Достапни линкови

Ирак-Застрелан новинар во неговиот дом


Ирачкиот новинар Раед ал Јубури, според извештаите од земјата бил убиен во неговиот дом во Багдад. Новинарско здружение соопшти дека тој бил застрелан во срцето, а мотивите за неговото убиство се уште не се познати. Некои од неговите колеги изјавија дека Јубури добивал закани. Тој водел емисија на телевизијата Ал Рашид и пишувал колумни во весникот Азаман. Според неговите колеги, тој отворено ги критикувал ирачките политичари за безбедноста на земјата и економските потешкотии.

XS
SM
MD
LG