Достапни линкови

Обвинителството бара притвор за четворица демонстранти


Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија.

Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија.

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерка притвор за четворица учесници во завчерашните протести пред Владата. Од обвинителството соопштија дека примиле кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против четири лица, за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Според обвинителството предлогот за определување мерка притвор е поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.

XS
SM
MD
LG