Достапни линкови

Јемен бара интервенција на странски копнени сили


Јемен побара од Советот за безбедност на Обединетите нации брзо да интервенира со копнени сили во таа земја, посебно во градовите Аден и Таиз. Писмото на јеменскиот амбасадор во Светската организација Калед Алејмани посочува на можно проширување на конфликтот и претворање на Јемен во место за војна меѓу Саудиска Арабија која ја поддржува јеменската влада во егзил и Иран кој пак им помага на Хути бунтовниците. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна воздушна кампања против бунтовниците, а во текот на изминатиот викенд испрати извесен број копнени сили во Аден.

XS
SM
MD
LG