Достапни линкови

Нетанјаху ја состави новата влада


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја состави новата влада, само еден час пред да измине законски предвидениот рок за тоа. До ова дојде по маратонските преговори со партијата Еврејски дом на министерот за економија Нафтали Бенет. Со договорот Ликуд партијата на Нетанјаху успева да добие тесно мнозинство во парламентот, односно 61 од 120 пратенички места. Ликуд победи на изборите одржани на 17 март годинава кога освои 30 места во Кнесетот.

XS
SM
MD
LG