Достапни линкови

САД: најголемата ирачка рафинерија под закана на ИД


Баиџи

Баиџи

Портпаролот на Пентагон полковник Стивен Ворен соопшти дека најголемата рафинерија за нафта во Ирак се наоѓала под зголемена закана од милитантите на Исламската држава кои успеале да влезат во рафинеријата. За да се спречи нивното натамошно напредување сојузниците предводени од Соединетите држави почнале да вршат воздушни напади околу рафинеријата во близина на градот Баиџи која се наоѓа на 200 километри северно од Багдад. Според американски воени претставници, зачувувањето на Баиџи и рафинеријата претставуваат важни чекори за евентуалната офанзива за враќање на контролата врз стратегискиот град Мосул.

XS
SM
MD
LG