Достапни линкови

Времето денеска: нестабилно со пороен дожд


Во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата. Не се исклучува и можноста од појава на град. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

XS
SM
MD
LG