Достапни линкови

Провокатори пред Собрание, обвинуваат демонстрантите


Дел од луѓето кои протестираат пред Собранието против полициска бруталност со шишиња гаѓаат кон зградата на Собрание, тие носат маици или превези преку главите. Најголем дел од граѓаните на нив гледаат на провокатори и повикуваат да не се употребува сила против полицијата. Дел од демонстрантите, околу дваесетина девојки, поставија и жив штит пред полицајците со цел да спречат тие да бидат нападнати. Тие извикуваат „сакаме мир“. Атмосферата меѓу маскираните напаѓачи и оние што се против насилство е тензична. Претходно по некое јајце упатија поединци од демонстрантите кон зградата на Собрание, а фрлија и запален факел, по што полицискиот кордон ги зби своите редови. Демонстрантите бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје.

XS
SM
MD
LG