Достапни линкови

Прилеп против полициска бруталност


Стотици прилепчани протестираа пред општинската зграда, полициската станица, маршираа низ центарот на Прилеп, барајќи оставка на министерката за внатрешни работи и актуелната власт.

Под мотото „Ако не ви е срам, оставете ме сам“ вечерва во Прилеп од 18 часот се одржа мирен протест, спонтано организиран на социјалните мрежи, а против полициската бруталност и прикривањето на убиството на Мартин Нешко

ски. Стотици прилепчани протестираа пред општинската зграда, полициската станица, маршираа низ центарот на Прилеп, барајќи оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и актуелната власт, а полицијата за обвинија бруталност при вчерашните настани во Скопје.

Не плашиме, излеговме да протестираме против власта, против сите оние кои не лажеа за случајот Мартин Нешкоски, а сите знаеле за убиството.

„Се собравме во Прилеп да дадеме подршка на нашите другари и соборци од Скопје, кои вчера беа брутално нападнати од полицијата. Денеска дојдовме да протестираме против полициската бруталност, никогаш повеќе да не се повтори Мартин Нешкоски“.

„Ние сега бараме оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, од сите замешани кои сакаа да го прикријат убиството“, велат анкетираните граѓани.

Граѓаните упатија јасни пораки, дека нема да иднина за младите и државата доколку и натаму остане истата власт.

„Иднината е во младите, не е во нас пензионерите, меѓутоа оваа влада ден поскоро да си замине, да ги спаси младите а Република Македонија“.

„Не, не плашиме, излеговме да протестираме против власта, против сите оние кои не лажеа за случајот Мартин Нешкоски, а сите знаеле за убиството“.

Протестот беше обезбедуван од голем број припадници на полицијата. Помина без инциденти. Според најавите протестите ќе продолжат секоја среда и сабота.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG