Достапни линкови

logo-print

Јајца и за собраниската зграда


По некое јајце упатија поединци од демонстрантите кон зградата на Собрание, по што полицискиот кордон ги зби своите редови. Претходно демонстрантите ја пееја македонската химна и палеа свеќи пред Собрание. Ова е втор ден од протестите против полициска бруталност, но денеска на народот не му беше дозволено да протестира пред зградата на Владата, по што тие се упатија во центарот на Скопје, пред собраниската зграда. Демонстрантите бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. За разлика од вчера, кога протестите ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, денеска е забележливо многу поголемо полициско присуство, и пред владата, но и во центарот на Скопје.

XS
SM
MD
LG