Достапни линкови

Неколку илјади демонстранти пристигнаа пред Собранието


Неколкуте илјади демонстранти, на кои не им беше дозволено да протестираат пред владата, сега се на булеварот пред Собранието. Демонстрантите свиркаат и извикуваат „нема правда, нема мир“ и „убијци“. На почетокот на протестот, кога пред владата имаше стотина луѓе, полициски кордон ги обиколи на крстосницата кај владата и не им дозволи да се приближат до објектот. Демонстрантите бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. За разлика од вчера, кога протестите ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, денеска е забележливо многу поголемо полициско присуство, и пред владата, но и во центарот на Скопје.

XS
SM
MD
LG