Достапни линкови

Пристапот до владата блокиран, демонстрантите се упатија кон Собранието


Протест против полициската бруталност во Скопје. Фото: @godovic

Протест против полициската бруталност во Скопје. Фото: @godovic

Бројот на демонстранти пред владата се зголемува и во моментов веројатно има неколку илјади, но полицијата не им дозволи да се приближат до владината зграда и тие се упатија кон Собранието. На почетокот на протестот, кога пред владата имаше стотина луѓе, полициски кордон ги обиколи на крстосницата кај владата и не им дозволи да се приближат до објектот. Демонстрантите бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. За разлика од вчера, кога протестите ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, денеска е забележливо многу поголемо полициско присуство, и пред владата, но и во центарот на Скопје.

XS
SM
MD
LG