Достапни линкови

Меркел со Путин ќе разговара за Украина на 10 мај


Rускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел

Rускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговараат за кризата во Украина на средбата во Москва 10 мај. Меркел нема да присуствува на парадата на 9 мај за одбележување на 70 годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората Светска Војна. Но според Кремљ, Меркел ќе присуствува на настаните на 10 мај и ќе одржи заедничка прес конференција со Путин.

Иако Русија покани 68 лидери на земји и меѓународни организации, само околу 20 од нив го потврдија присуството во услови на меѓународна осуда на земјата поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина и анексијата на Крим.

XS
SM
MD
LG