Достапни линкови

logo-print

Хан-Ситуацијата во Македонија е сериозна


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан денеска изрази надеж дека ќе се премостат ограничувањата со кои се соочува ЕК во однос на Македонија, одговарајќи во Брисел на новинарско прашање за ситуацијата во земјата. Хан изјави дека не сака да коментира и шпекулира какви би биле заклучоците во извештајот за напредокот на Македонија доколку биде утре објавен.

Тој нагласи и дека бил прилично јасен оти ситуацијата во Македонија е сериозна и сите во ЕУ го следат развојот на настаните. Хан воедно е убеден дека одговорните луѓе во земјата се свесни за ситуацијата и ќе придонесат за нејзино решавање пред почетокот на летото со што ќе бидат избегнати дополнителни главоболки за извештајот за напредокот на земјата, кој ќе биде објавен на есен.

XS
SM
MD
LG