Достапни линкови

Кривични пријави за четворица демонстранти


Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија.

Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија.

МВР соопшти дека четири лица од Скопје кои учествувале во синоќешните протести ќе заработат кривични пријави. Лицата, кои се на возраст од 26 до 40 години се товарат за кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“. Досега се идентификувани уште девет други лица, како што информираат од МВР од кои седуммина од Скопје и две лица од Битола.

Од МВР информираат и дека врз основа на бројните снимки објавени во медиумите, но и снимките обезбедени од видео-надзорот, продолжуваат да работат на целосно документирање на вчерашните насилства, откривање на учесниците и нивно изведување пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG