Достапни линкови

Убиени 5 војници во источна Украина


Андриј Лисенко

Андриј Лисенко

Украинските власти соопштија дека пет нивни војници загинале во судирите во источниот дел на земјата и покрај продолжувањето на разговорите меѓу власта и проруските бунтовници за примирјето постигнато во февруари. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко изјави дека во изминатите 24 часа четворица припадници на безбедносните сили загинале кога нивното возило налетало на мина, а петта жртва била убиена во заседа на бунтовниците. Според него, бунтовниците продолжуваат да напаѓаат позиции кои се под контрола на власта околу Мариупол и Доњецк.

XS
SM
MD
LG