Достапни линкови

Груевски-Вчерашните протести биле планирани


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека сторителот за убиството на Мартин Нешковски е најден и осуден и МВР направило се случајот што побрзо да се расчисти. Според него, сите обиди на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со монтирани материјали да прикаже погрешна слика завршиле со неуспех. Груевски потенцира дека се гледало оти протестите што се одржаа вчера по прес-конференцијата на СДСМ, биле планирани, а не спонтани, истакнувајќи притоа дека дошле луѓе со однапред подготвени транспаренти.

Според него, јасно е оти станувало збор за партиски членови и активисти на СДСМ кои се најчести сторители на кривични дела на други настани кои во секоја слична прилика се вклучуваат и прават насилство. За тоа што се случувало на протестите, како што наведува тој говори и фактот што биле повредени 38 полицајци.

XS
SM
MD
LG