Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-СДСМ стои зад насилството на протестите


Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија

Протести за Мартин Нешковски пред Владата на Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат денеска на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов и истакнуваат дека опозицијата стои зад организацијата на вчерашните насилни случувања пред Владата. Според партијата, на сите граѓани им е јасно кој напаѓал и се однесувал вандалски, а самиот факт дека при вчерашниот напад се повредени 38 полицајци доволно зборува за себе.

Снимките и сликите од вчерашниот напад врз полицајците, како што наведуваат на кои се гледа дека активистите на СДСМ напаѓаат со шипки, камења и плочки и притоа го кинат македонското знаме се на очигледно задоволство на Шилегов и СДСМ. Од ВМРО ДПМНЕ соопштуваат дека лидерот на СДСМ спроведува сценарио за граѓански конфликт и за целосна дестабилизација на државата.

XS
SM
MD
LG