Достапни линкови

Професорскиот пленум го осуди полициското насилство


Од Професорскиот пленум денеска реагираат дека синоќа во доцните часови во библиотеката ,,Браќа Миладиновци“ во Скопје, според досегашните информации, влегле вооружени 50 полицајци кои под изговор дека ги бараат демонстрантите, ги нападнале без никаква причина, физички и вербално ги малтретирале студентите, кои редовно учат во Библиотеката. Според пленумот, полицијата им се заканувала на студентите и дека ќе добијат кривични пријави.

Професорскиот пленум најостро го осуди полициското насилство и смета дека таквото однесување е не само брутален, туку и анти-морален чин со кој се повредуваат сите човечки права. Тие бараат одговор по чија наредба специјалната полиција вчера влегла во библиотеката „Браќа Миладиновци и одговорност за сите вооружени лица што ги пречекориле своите овластувања. Полицијата, како што наведуваат влегла и во кампот на средношколците пред МОН за да бара учесници во протестите. Од пленумот порачуваат дека борбата за подобро образование не треба да се казни со тепање на оние кои ја иницираат, туку да се награди.

XS
SM
MD
LG