Достапни линкови

logo-print

Ќе се реновира патот Крушево - Демир Хисар


Од локалната самоуправа тврдат дека се одобрени 7 милиони денари, кои годинава ќе бидат вложени во смена на стариот оштетен со нов асфалтен слој.

Делницата Крушево - Демир Хисар во должина од 24 километри ќе се рехабилитира целосно, а со тоа ќе се стави крај на долгогодишните проблеми и нервози на возачите и патниците кои секој ден го минуваат овој пат. Од локалната самоуправа тврдат дека се одобрени 7 милиони денари, кои годинава ќе бидат вложени во смена на стариот оштетен со нов асфалтен слој. Оваа инвестиција ќе го скрати и времето на патување и ќе спречи материјални штети врз возилата, со кои постојано се соочуваат возачите.

Отпочнато е со рехабилитација на регионалната делница Крушево – Сладуево - Демир Хисар. За 2015-та за овој проект, ќе бидат потрошени 114 илјади евра. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. Проектот ќе се реализира во две фази.

Градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, пак, оценува дека реконструкцијата на патот ќе придонесе и за поголем развој на туризмот во поширокиот регион, што, пак, е приоритет на локалната власт.

„Отпочнато е со рехабилитација на регионалната делница Крушево – Сладуево - Демир Хисар. За 2015-та за овој проект, ќе бидат потрошени 114 илјади евра. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. Проектот ќе се реализира во две фази“, изјави градоначалникот Дамчески.

На минатата седница Советот на Крушево ја донесе новата стратегија за локален економски развој, каде што основна фокусирана област е развојот на туризмот. Во стратегиските цели е инфраструктурното поврзување или подобрување на инфраструктурата во Општина Крушево, или подобрување на пристапните патишта. Така да сето ова што како напор го прави Општината ја има истата цел, да привлечеме што поголем туристи.

За еден месец треба да финишираат активностите за рехабилитација на локалниот пат што од населеното место Кривогаштани води до крушевското село Бучин, во должина од 7.2 километри. За овој проект се обезбедени 430 илјади евра од Светска и Европската инвестициона банка. Освен што ќе се постави нов слој асфалт, според најавите, ќе се прошири коловозната лента, за непречено разминување на две возила.

Освен во патна инфраструктура се интензивираат и инвестициите од комуналната сфера. Во должина од 9.5 километри се гради цевковод за две крушевски села, и тоа од регионалниот водовод ’Студенчица‘ до Норово и Бучин. Инвестицијата е вредна 18 милиони денари, што се обезбедуваат од Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој.

„Со проектот се предвидува водоснабдување по природен пат на околу 2000 жители од овој регион. Моментално овие населени места се снабдуваат со вода за пиење од пумпната станица во село Бучин за што се трошат значителни финансиски средства. Снабдувањето со вода по природен пат ќе овозможи заштеда на ЈП Комуна од 3000 до 4000 евра месечно“, истакнува градоначалникот Дамчески.

Во Норово и Алданци со 80 илјади евра од Светска банка, ќе се поставуваат водомери и шахти, со цел да се намалат загубите и кражбата на вода од системот и поквалитетно водоснабдување на жителите. Локалните власти веруваат сите овие проекти ќе го стимулираат туризмот.

„На минатата седница Советот на Крушево ја донесе новата стратегија за локален економски развој, каде што основна фокусирана област е развојот на туризмот. Во стратегиските цели е инфраструктурното поврзување или подобрување на инфраструктурата во Општина Крушево, или подобрување на пристапните патишта. Така да сето ова што како напор го прави Општината ја има истата цел, да привлечеме што поголем туристи“, вели Коста Мицкоски, раководител на општинскиот оддел за локален економски развој.

Бројот на туристи годинашната зимска сезона, тврди Мицкоски, се зголемил за 20 отсто во однос на минатата. Не помал број посетителите се очекуваат и во текот на летото.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG