Достапни линкови

logo-print

Цивил-Полицијата безмилосно ги тепаше демонстрантите


Од невладината организација Цивил денеска реагираат дека полицијата синоќа безмилосно ги тепала демонстрантите. Според нив, засега е непознат бројот на демонстрантите, кои биле тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите на Цивилво притвор во полициската станица Пролет се 10 лица, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда. Некои од демонстрантите, како што наведуваат биле изведени пред суд и им се закануваат со кривично гонење, без никаква основа.

Од Цивил наведуваат и дека според извештаите од теренот, сите приведени биле тепани откако биле совладани, не пружале никаков отпор, биле легнати на земја и имале лисици на нив. Тоа, според организацијата е крајно брутално однесување и кршење на човековите права по сите основи. Нападот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, тепањето и малтретирањето на студентите, кои таму учеле, како што наведуваат од Цивил било спроведено на крајно незаконски начин.

Од Цивил ги повикуваат сите припадници на полицијата, да не следат команди кои се противзаконски и бараат итно ослободување на сите бесправно приведени демонстранти и одговорност за бруталноста на полицијата.

XS
SM
MD
LG