Достапни линкови

Нови борби во источна Украина


Украинската власти соопштија дека пет војници загинале, а 12 биле повредени во изминатите 24 часа во борбите со проруските бунтовници во источниот дел на земјата. Според нив, проруските бунтовници го прекршиле примирјето повеќе од 42 пати. Во меѓувреме бунтовниците соопштија дека биле распоредени владини тенкови и дека бил отворен артилериски оган во изминатите 24 часа со што е прекршено примирјето. Според нив, владините сили исто така истрелале и минофрлачки гранати и ракети во источна Украина.

XS
SM
MD
LG