Достапни линкови

Исмаилова наградена од американскиот ПЕН Центар


Кадиџа Исмаилова

Кадиџа Исмаилова

Азербејџанската новинарка и соработник на Радио Слободна Европа Кадиџа Исмаилова е наградена за нејзините новинарски постигнувања со престижната награда за слобода на медиумите што ја доделува американскиот ПЕН центар. Извикувајќи „Кадиџа, Кадиџа“ околу 800 гости на гала вечерата во Њујорк ја поздравија храброста на Исмаилова и нејзината издржливост во истражувањето на корупцијата во највисоките владини кругови во Азербејџан. Исмаилова веќе шест месеци е во затвор во Баку под обвинување дека иницирала обид за самоубиство на друг човек. Таа го отфрли обвинувањето наведувајќи дека станува збор за политички монтиран случај.

XS
SM
MD
LG