Достапни линкови

Жестоки судири пред Влада


Macedonia-Protest for Martin Neshkovski

Macedonia-Protest for Martin Neshkovski

Неколкумина демонстранти се повредени при жестоките судири со полицијата пред Владата, јавува нашиот репортер од теренот. Полицијата ги истиснува демонстрантите и ги истурка од пред владата кон булеварот„Св.Климент Охридски.“ На готовс се поставени и полициските водени топови, кон демонстрантите биле фрлени и димни бомби а демонстрантите запалија неколку контејнери. По четиричасовниот протест, тензијата на улиците расте.

Претходно демонстрантите ја гаѓаа владината зграда со јајца, шишиња и тврди предмети скандирајќи „Убијци“. Тие бараат оставка од министерката за внатрешни работи по објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата во кои се слуша како разговараат владини претставници за сокривање на убиството на Мартин Нешковски на 05 јуни 2011 година за време на изборната прослава на ВМРО ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG