Достапни линкови

Демонстрантите гаѓаат кон Владата, два скршени прозорци


Две скршени прозорски стакла на приземјето од владината зграда, откако во нив завршија камења со кои гаѓаат демонстрантите кои протестираат пред Владата. Насобраниот народ гаѓа со јајца, компири, домати, пластични шишиња и одвреме навреме со по некој камен. Протестот пред Владата уследи по објавувањето на прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски. Насобраниот народ извикува „Оставки, „Убијци“, „Никола излези“, „Готово е, готово.“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави аудио снимки во кои, според нив, се слуша како власта се обидува да го прикрие убиството на Нешковски.Тој беше убиен пред четири години на плоштадот Македонија за време на прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите.

XS
SM
MD
LG