Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска-Заев ја злоупотреби трагичната смрт на Нешковски


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска по објавувањето на прислушувани разговори од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешковски изјави денеска дека лидерот на партијата Зоран Заев го достигнал врвот на монструозноста, повторно поигрувајќи се со емоции на најгруб начин и злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек. Според неа, сето тоа Заев го прави за да оствари политичка профит и е спремен на се.

Според неа, од неговата прес конференција се потврдиле неколку работи дека не постоела никаква формална пријава и немало сознанија дека има убиство. Јанкулоска за време на прес конференцијата во владата порача и дека МВР ги превземала сите активности за пронаоѓање на сторителот на убиството на Нешковски.

XS
SM
MD
LG