Достапни линкови

Демонстрантите влегле во дворот на Владата


Macedonia-Protest for Martin Neshkovski

Macedonia-Protest for Martin Neshkovski

Еден полицаец го напушти кородонот и ja отвори железната ограда со која е обиколена Владата и ги пушти демонстрантите да влезат во дворот. Многу од демонстрантите го гушкаа полицаецот, и тој се одалечи од толпата велејќи дека треба да заврши друга работа, јавува нашиот репортер.

Илјадници граѓани и натаму протестираат пред владата откако денеска опозицијата објави аудио снимки од прислушувани разговори поврзани со прислушуваните разговори на врвот на МВР за прикривање на убиството на Мартин Нешковски.

Околу владата е забележливо големо полициско присуство.

Демонстрантите, како што јавува нашиот репортер, извикуваат убијци, убијци, а и се пуштаат аудио снимките.

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мотото протест за прикривањата и местенките на убиството на Мартин и стоп за бруталната влада.

XS
SM
MD
LG