Достапни линкови

Протести пред владата за Мартин Нешковски


Неколку стотини граѓани се собраа денеска на протести пред владата по објавувањето на прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски од таканаречената 28 бомба на опозицијата. Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мотото протест за прикривањата и местенките на убиството на Мартин и стоп за бруталната влада. Демонстрантите, како што јавува нашиот репортер извикуваат убијци, пуштаат звук од сирени и свират со свирчиња.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави аудио снимки во кои, според нив, се слуша како власта се обидува да го прикрие убиството на Нешковски.Тој беше убиен пред четири години на плоштадот Македонија за време на прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите.

XS
SM
MD
LG