Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-Заев не може да ја наштелува вистината


Од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на која СДСМ објави аудио снимки од прислушувани телефонски разговори во врска со случајот на Мартин Нешковски реагираат дека лидерот на партијата Зоран Заев не може да ја монополизира, присвои или наштелува вистината како што на него му одговара дури ни со креирани, сечени и монтирани материјали.

Според соопштението, во креираните материјали институциите најпрво не биле свесни за постоењето на кривичниот настан зашто немало пријава, дека по првичните оперативните сознанија веднаш пристапиле кон темелна и сеопфатна истрага за изнаоѓање на сторителот. Обезбедени биле аргументи и докази, како што наведуваат од ВМРО ДПМНЕ, а сторителот бил лоциран, го признал делото и бил изнесен пред лицето на правдата и осуден на 14 години затвор.

XS
SM
MD
LG