Достапни линкови

Кери вети поголема поддршка за Сомалија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска вети поголема поддршка за Сомалија за време на неговата посета на земјата, која се обидува да се обнови по дводецениската војна и години на борби со милитантите на Ал Шабаб. Кери помина неколку часови на аеродромот во Могадишу, каде се сретна со сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд и премиерот Омар Абдирашид Али Шармке.

Тој порача и дека пред 20 години САД биле принудени да се повлечат од Сомалија, мислејќи на конфликтот во 1993 година кога 18 американски и стотици сомалиски војници беа убиени за време на воена и хуманитарна интервенција која заврши лошо. Кери нагласи дека ја посетил денеска Сомалија, бидејќи земјата ја обновува соработката со меѓународната заедница и тоа, според него влева големи надежи, кои се помешани со загриженост.

XS
SM
MD
LG