Достапни линкови

Околу 40 мигранти се удавиле во Средоземното море


Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека околу 40 мигранти се удавиле во Средоземното море на трети мај, според наводите на преживеаните кои денеска пристигнаа на италијанскиот остров Сицилија. Портпаролот на оррганизацијата Џована Ди Бендето изјави дека африканските мигранти ја соопштиле бројката кога пристигнале на пристаништето во Катанија. Трговски брод од Малта ги спасил мигрантите кои биле околу 240 на број и кои патувале во два гумени чамци од Либија. Останатите се удавиле бидејќи не знаеле да пливаат.

XS
SM
MD
LG