Достапни линкови

logo-print

Турција ќе депортира британско семејство во Молдавија


Илустрација

Илустрација

Турските власти соопштија дека британскиот пар и нивното четири годишно дете, кои беа притворени во минатиот месец под сомнение дека се обидуваат да им се придружат на милитантите на Исламската држава во Сирија ќе бидат депортирани во Молдавија. Според нив, Асиф Малик, неговата девојка Сара и нивното дете беа задржани во Анкара откако британската полиција бараше информации каде се наоѓаат. Властите додадоа дека тие ќе бидат депортирани во Молдавија по нивна желба.

XS
SM
MD
LG