Достапни линкови

Општинскиот буџет на Куманово усвоен со критики


Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

Кумановската опозиција смета дека ова е веќе видена состојба помеѓу желбите и можностите, додека локалната администрација смета дека буџетот е реален.

По критиките и забелешките за планираните, а нереализирани проекти упатени од опозиционите советници на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, извештајот на општинскиот буџет е усвоен. Опозицијата смета дека и ова е веќе видена состојба помеѓу желбите и можностите, додека локалната администрација ги образложи објективните околности.

Значи, ќе имаме и ребаланси повторно. Буџетите што се донесуваат во Општината Куманово се израз на желби, а не на реалноста.

Опозициониот советник Мирослав Стојановски забележува дека вкупните тековни и капитални приходи се остварени со 21, а расходите со 18 насто. Според него, и овој буџет како и претходните е нереално планиран, што наведува дека до крајот на годината не може да се реализира повеќе од 80 отсто.

„Значи, ќе имаме и ребаланси повторно. Буџетите што се донесуваат во Општината Куманово се израз на желби, а не на реалноста“, рече тој.

Валентина Јовановска додаде дека не е започната реконструкција на објектот на Занатски дом, поддршка на локален економски развој, енергетска ефикасност, изградба и реконструкција на улици.

Тоа се неповолни услови за било каква инвестиција и капитална инвестиција. Во изминатиот период сме враќале доспеани побарувања од минатата година. Да истакнам пред медиумите, дека во моментот Куманово е најнезадолжена Општина, ако ги исклучиме неправилните судски пресуди и блокади, што во некој иден период ќе се докаже како големи грешки во самиот процес на блокада. Немаме долгови кон изведувачите, имаме некои долгови кон јавните претпријатија кои се сервисираат според можностите. Задоволство е да докажеме дека локалната самоуправа влегува во една фаза на помирен финансиски период, кога судските пресуди и блокади ќе бидат тргнати.

„Програма реконструкција на улици во град Куманово, реализација 74 отсто. Кои се тие улици?“, праша таа.

Опозиционите советници напоменаа и за дотациите и донациите од Владата.

Ирена Илиевска, раководител на општинското финансиско одделение, објаснува дека донациите и дотациите од Владата се недоволни, на што укажуваат и бројките, поради што Општината е принудена да оддели сопствени средства за завршување на грејната сезона во училиштата.

„Општината мораше да инвестира во електрична енергија, гас и за превоз во училиштата. За реализација на Занатскиот дом во тек е подготовка на проект и потоа распишување тендер“, рече Илиевска.

Опозицијата критикуваше и за трошоците планирани и реализирани за социјалните случаи и стечајците, што беше објаснето дека Општината на оваа категорија граѓани помага во делумно надминување на нивните основни финансиски проблеми.

Градоначалникот Зоран Дамјановски појасни дека првото тримесечје е период на подготовки за реализација на планираното.

„Тоа се неповолни услови за било каква инвестиција и капитална инвестиција. Во изминатиот период сме враќале доспеани побарувања од минатата година. Да истакнам пред медиумите, дека во моментот Куманово е најнезадолжена Општина, ако ги исклучиме неправилните судски пресуди и блокади, што во некој иден период ќе се докаже како големи грешки во самиот процес на блокада. Немаме долгови кон изведувачите, имаме некои долгови кон јавните претпријатија кои се сервисираат според можностите. Задоволство е да докажеме дека локалната самоуправа влегува во една фаза на помирен финансиски период, кога судските пресуди и блокади ќе бидат тргнати“, вели Дамјановски.

И кумановската јавност е со поделени мислења. Додека едните имаат разбирање за финансиската блокада на Општината, другите се незадоволни од лошата инфраструктура, од експанзивно градење станбени објекти во централното градско подрачје, узурпирани пешачки патеки за угостителски објекти, од комуналната нехигиена.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG