Достапни линкови

Грција итно бара пари од доверителите


Јанис Варуфакис

Јанис Варуфакис

Грција предупреди дека веќе немала пари и побара од доверителите да и дадат средства врз основа на напредокот во преговорите за тоа што таа ќе направи за возврат. „Напредокот во преговорите треба да биде пропусница за финансиска помош на грчкото стопанство“, изјави на прес конференција во Атина портпаролот на грчката влада Габриел Сакеларидис. Грчката влада денеска во Брисел ги испраќа своите главни преговарачи, вклучувајќи го и контроверзниот министер за финансии Јанис Варуфакис на состаноци со доверителите од Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската банка.

XS
SM
MD
LG